речник контакт

Велешани ќе причекаат да го сефтосаат летниот пинџур

Доматите и краставиците евтини, пиперките и младиот компир држат цена

Петар Печков

Иако е почетокот на јуни на велешкиот пазар шаренило од цени на основните градинарски производи. Додека доматот се продава за 20 до 40 денари, пиперката се нуди за 80 а младиот компир за 40 до 50 денари. Цените на овие два производа се двојно повисоки отколку лани во истиот период. Купувачите затечени од оваа за нив неочекувана    диспропорција.
      - 

домати. Лани младиот компир го купуваме за 20 денари сега е два пати поскап. Не можеме да го сефтосаме ниту традиционалниот летен пинџур. Летово ќе причекаме за овој   македонски специјалитет - велат велешани кои пазареа на Градскиот пазар.

Тие се пожалија и на високата цена на младата зелка која се продава до 50 денари, магдоносот  чија китка е 15 денари наспроти ланските 5 денари. Евтини се младите тиквиња кои се нудат  по 10 денари за парче.   Затоа висока била цената на листот од лоза, кој се користи за сарма. Еден лист едно парче, еден денар. Домаќинките пресметале дека за да  наполнат едно тенџере ќе платат за лист исто колку и за половина килограм  мелено месо, 120 денари.   Производителите вината за овој дисбаланс во цените ја препишуваат на годишните времиња.

Лани есента до ноември се продаваше пипер за 40 денари кило. Сега имавме долга зима, свежа пролет и затоа нема пипер. Се уште под фолии. Не може да стаса на отворено имаме  ноќни температури кои се до 10 -12 степени. Исто е и со младиот компир, кој се одгледува исто така во фолии. До крајот на месецот цените ќе се намалат и израмнат   - велат велешките земјоделци. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »