Петар Печков
Објавено: вторник, 07 април 2020
Денес е забележана голема раздвиженост на велешани низ градот.
Во редици чекале за да влезат на Градски пазар, редиците се присутни пред банките, маркетите, пошта.
Причината за ваквото масовно присуство и гужвата, кога најчесто не се почитува мерките на Владата за држење на меѓусебна оддалеченост, според објаснувањето на вработен во банка била оти денес била пуштена социјалната помош, стигнале сметки за плаќање за струја. Сведоци пак велат дека во поштата во Велес морала да интервенира полиција, граѓаните да го почитуваат редот со оддалеченост од еден метар.
фото: посетител на ТрМр
Tweet |