Петар Печков
Објавено: четврток, 07 декември 2017
Велешани не знаат какво воздух дишат, откако една седмица автоматската мерна станица на Министерството за животна средина, не ги покажува вредностите на ПМ 10 честичките.
Таа беше во функција се до крајот на ноември, но нејзините резултати предизвикуваа силни реакции во јавноста, откако имаше часовни пикови со неверојатно високи вредности. Потоа тие вредности беа бришени и граѓаните беа во дилема каков воздух дишат.
Поради ова и локалната власт реагирала до надлежното министерство. Од петокот, седум дена, во Велес не се мери присуството на ПМ 10 честичките.
Екипи кои работата на одржување на овие автоматски е мерни станици, денес се во Велес. Ќе проверат на лице место, зошто се надвор од функција. Не покажуваат вредности единствено за ПМ 10 честичките, другите параметри се мерат – изјавија од Министерство за животна средина. Во Велес свои мерни станици има и Центарот за јавно здравје, но тие не мерат ПМ 10 честички, туку само чад и ЅО2.
Tweet |