Петар Печков
Објавено: четврток, 15 октомври 2026
На прес конференција велешанката Адријана Арлен ја најави нејзината прва концертна турнеја именувана „Сребрена ноќ 2026“. Ја започнува од родниот Велес на 31 октомври, следи Битола на 12 ноември , па Штип на 14 ноември и завршува во Скопје во Филхармонија на 7 декември.
Концертот во Велес ќе го одржи на сцената на велешки театар, и ќе настапи на клавирот „Естонија“ на кое започнала да музицира во ОУ Св. Кирил и Методиј во 1995 година. Тоа е нејзин прв настап по 20 години во Велес откако замина, работи и живее во Шведска.
„Концертот ќе изобилува со класчина кросоувер музика. Тоа е моја преработка на многу популарни класични дела, Бетовен, Шопен, Рахмањинов, има и дел мои камерни композиции. На сцената ќе биде и Камерниот оркестар од Битола ДИВА. Гости ми се познат саксофонист од Скоопје мој колега, оперрскиот пеач Дарко Тодоровски кој е многу попупарен надвор од границите на Македонија. Имам изненадување за крај со ДЏ кој ќе настапи со мои композиции. Ќе изведам и филмска музика, која е мојата страст“ – кажа Арлен.
Адријана започнува да свири од 11 година, со приватни часови по музика во Велес, завршува средно и музичка академија во Скопје а во Малме Шведска завршила магистратура. Таа таму денес живее и работи, како професор по клавир во музичко училиште. Таа има богата дискографија пет ЦД и бројни видео спотови.
„Луѓето не знаат на што доаѓаат а од друга страна на крај ќе се воодушеват од тоа што ќе го слушнат, видат. На тие што не дошле кога ќе дознаат како беше, ќе им биде криво“ - рече Арлен.
Билетите за концертот се пуштени во продажба во велешки театар.
| Tweet |




