речник контакт

Велешанката Ленче Андреевска фудбалерка на годината во Македонија

Андреевска започна во ЖФК Борец а годинава настапува за ЖФК Драгон

Петар Печков

На вчерашниот избор за најдобрите фудбалери во Македонија, во организација на Фудбалската федерација, признание доби и велешанката Ленче Андреевска. Таа е прогласена за најдобра фудбалерка, годинава е член на ЖФК Драгон од Скопје. 

Андреевска започна со фудбал во екипата на ЖЌФК Борец каде настапуваше неколку сезони, а потоа играше во неколку македонски клубови. Андреевска игра во нападот .

Висар Муслиу ја доби наградата за најдобар фудбалер во македонското првенство,  додека  Елиф Елмас, играчот на италијански  Наполи, беше прогласен за најдобар македонски фудбалер  во странство.

Признание доби и претседателот на ФК Борец, Кочо Анѓушев, за  придонес во развојот на македонскиот фудбал. Такво признание доби и претседателот на новиот прволигаш  ФК Струга ТЛ Албрим Ќира. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »