речник контакт

Велешанката Марија Грубор по втор пат стана национален победник во слем поезија

Марија Грубор ќе биде националната претставничка на Европското слем- првенство за 2022 година што ќе се одржи идната година

Петар Печков

Велешанката Марија Грубор е победник на  12-тиот Национален слем-натпревар кој се одржа во Прилеп. Таа по  вторпат  понесе титулата национална победничка. Грубор првпат победи на националниот слем - натпревар во 2017 година и беше македонската претставничка на Европското слем- првенство во Будимпешта, Унгарија во 2018 година.

Слем поезија е натпревар на кој поетите читаат или рецитираат свое оригинално напишано дело. На овие настапи се суди од претходно избрани членови од публиката.

Слемерката Марија Грубор од Велес беше изгласана за победник  од петочленото жири од публиката избрано по случаен избор. Таа  се натпреваруваше во конкуренција со триесетина слемер(к)и од земјава.

Во потесниот избор беа  Лина Пашанку, која го освои второто место и Никола Дукоски кој го освои третото. Марија Грубор ќе биде националната претставничка на Европското слем-првенство за 2022 година што ќе се одржи идната година.

Финалниот дел од 12-тиот Национален слем- натпревар се одржа во  киното „Мис Стон“ во Прилеп.

Традиционалниот национален слем-натпревар е во организација и режија на Театарска работилница–Прилеп и Игор Трпчески-Трпче и во соорганизација на Елена Пренџова.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »