Петар Печков
Објавено: петок, 13 август 2021
Млада велешанка, на 30 годишна возраст вчеравечер е примена во ковид центарот во Велес, откако била позитивна на коронавирусот. Пациентката била во стабилна состојба и ова е по втор пат да биде позитивна, во период од четири месеци.
„Лицето не е вакцинирано, асимптоматски, во домашни услови ја прележала ковид заразата во средината на април месец . Згрижена е на Инфективно одделение во стабилна состојба. За четири дена ќе биде тестирана и ако покаже негативен резултат, ќе биде пуштена дома“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.
На ова одделение до пладне се згрижени шест пациенти од Велес, кои имаат здравствени проблеми, сите позитивни на ковид-19, двајца од нив се на кислородна поддршка.
Tweet |