Петар Печков
Објавено: вторник, 30 јануари 2024
Велешанка која агресивно се однесувала кон полицијата, е згрижена во психијатриска болница во Скопје. Таа со нејзиниот татко и сестра живеела во лоши субстандардни услови, велат лица кои го познавале семејството. Додаваат семејство e едно од жртвите во градот, на социјалата и транзицијата во општеството.
„На 29.01.2024 околу 11.30 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници ја привеле Ф.А.(39 год) од Велес затоа што агресивно се однесувала кон нив при извршување службени дејствија“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во придружба на Итна медицинска помош од Велес таа била спроведена во здравствена установа.
„По барање на СВР Велес, лицето и е дадена првична здравствена нега, по што е пренесено на невропсихијатрија од велешка болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник нa службата за Итна помош при Здравствен дом Велес.
„Околу пладне на нервното одделение е донесена е пациентка, истата е згрижена, на која и е дадена неопходна терапија. Подоцна е пренесена во психијатриска болница во Скопје“ - рече Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.
Tweet |