Петар Печков
Објавено: петок, 21 март 2014
Во понеделникот вечерта наша сограѓанка, била нападната и преплашена од непознат пиштолџија. Тоа се случило околу 22 часот, на улица 11-ти Октомври, во зградата кај Симпо, пред влезот во туристичката агенција САМА. Велешанката се враќала дома, која ненадејно пред неа се појавил млад човек со пиштол в раце.
Тој истрча пред мене, се појави од некаде и ми впери пиштол во мене. Ми се закани по живот. Ми рече ,,дај ја ташната, дај ги парите или..,, . Јас му се спротивставив, му реков бегај, оди си. По ова започнав да викам, помош, полиција, помош. Тој се колебаше и истрча, избега – вели сограѓанката.
Во велешката полиција го потврдија настанот и соопштија дека трагаат по напаѓачот.
Tweet |