Петар Печков
Објавено: вторник, 13 март 2018
Понеделникот навечер, на Мало Мовче е нападната велешанка. Сторителот и одзел мобилен и ја удрил во глава. СВР Велес со информaциja за нападот.
На ден 12.03.2018г. околу 18.00 ч. лицето В.П.(28) движејќи се од „Мало Мовче“ кон ул.„П.Прличко“од зад грб и пришло непознато машко лице на околу 30 годишна возраст и ја потегнало за ташната која ја држела во левата рака, но, не успеал да и ја одземе и го одзел само мобилниот телефон од раката и со лактот од десната рака ја удрил по главата и избегал во правец кон Градскиот пазар - стои во писмената информација на СВР Велес
Tweet |