речник контакт

Велешанка почина од грип

67 годишната жена имала и други здравствени проблеми. Таа е прва жртва на грипот во Македонија оваа сезона

Петар Печков

Грипот ја зема првата жртва годинава во Македонија. Тоа е 67 годишна жена од Велес, која починала на клиниките во Скопје.  На Инфективната клиника во Скопје  била примена пред два дена со тешка клиничка слика и низа заболувања како срцева слабост и хронична белодробна болест. Кај неа е дијагностициран грип од типот H3N2.

Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ истакна дека пациентката во Клиниката престојувала два дена и како резултат и на други болести дошла во напредна фаза на болеста со нарушена свест, а грипот само ја влошил состојбата.

Пациентката имаше хронична  опструктивна белодробна болест, срцева слабост, дијабетис и  бубрежна болест. Грипот само ја влошил состојбата.   На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 90 до 100 пациенти од кои половината се со грип, дизјави директорот Миленковиќ. На Инфективната клиника во Скопје во моментов на одделението за интензивна нега се сместени четворица пациенти, а во клиниката се задржани и две трудници.

Бројот на заболени од грип расте, а надлежните велат дека лицата без хронични заболувања можат да се лекуваат дома, но доколку симптоми на грип имаат повеќе од три дена, треба да се јават кај својот лекар. Од друга страна, мали деца до три години, бремени жени и хронично болни лица со астма, дијабет, респиратнорни болести,  дебелите лица  се препорачува веднаш да побараат совет од доктор. Во Македонија регистрирани се 1.941 случај на грип од кои минатата седмица имало без малку нови 600 случаи, или грипот е во замав.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »