речник контакт

Велешанка физички ја нападнала несудената свекрва

По документирање на настанот против снаата полицијата ќе поднесе соодветна пријава

Петар Печков

Четвртокот навечер, жена физички нападнала друга повозрасна жена, која требало да и биде свекрва. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 11.09.2025 во 20:05 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода М.М.(36 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала 65- годишната мајка на нејзното момче во нејзиниот дом во Велес. При нападот, 65-годишната жена се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Општа болница Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

М.М. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа, полицијата  ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »