речник контакт

Велешанки гостинки на Зелникот на баба во Пробиштип

Дел од богатото наследство на велешанки и пред гостите во Пробиштип. Се што се однесе таму, бргу се потроши. Богат колорит на македонски наосии на плоштадот во градот

Петар Печков

Втора година по ред се одржува манифестацијата „Зелникот на баба“  во Пробиштип која е од  хуманитарно – ревијален карактер. Посветена е  традиционалните  македонски специјалитети. Оваа манифестација беше збогатена со гости од 15 градови, меѓи нив и Велес.  Имаше и  богата културно  забавна програма и настап на  Блага Петреска. Меѓу гостите имаше и десетина жени од Велес, кои дојдоа по покана од локалната самоуправа.

Бевме поканети по долгогодишната соработка која ја имаме со општина Пробиштип и желбата таа да продолжи  и се  прошири кругот, не само со администрацијата. Токму затоа ние ги поканивме гости жени   од Организацијата на жени и  Активот на жени пензионерки , со цел што подобро да ја претставиме велешката традиција и култура. Ова беше наше прво гостување  и задоволство беше што бевме дел од неколкуте стотина жени од Македонија – рече Катица Чадиева од општина Велес. Масата со велешките специјалитети беше бргу потрошена. Освен велешанки имаше гости од Крива Паланка, Кратово, Неготино, Свет Николе, Куманово.

Велешките специјалитети на гостите им ги нудеа, ги продаваа  три девојки од КУД Керамичар, кои беа облечени во  велешка градска облека. На масата беа понудени   кои беа подготвени од вредните раце на жените од Велес. Имаше зелник, јајчаник,  ѓозлеме,  колпиде, штрудла со јаболка. Се тоа бргу се продаде а собраните средства беа отстапени на  организатор Општина Пробиштип, која пак ги намени за социјално загрозено семејство.  Специјален подарок за нивниот градоначалник беше испечена  од тесто стомна од вештата жена Бети и велешка алва од познатата мајсторка на слатки Родне.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »