Петар Печков
Објавено: петок, 09 јануари 2009
Велешанки краделе уметнички слики од Нервното одделение додека се лекувале, ги фатила болничарката а полицијата им поднела кривични пријави.
Л.К. (40 год) и О.К. (45 год) и двете од Велес се осомничени дека во два наврати на крајот од ноември месец минатата година украле 4 уметнички слики сопственост на Општата Болница Велес. Тие овие два дена биле пациентки на Нервното одделение и додека примале инфузија на ѕидот спротив нив ги приметиле сликите кои им се допаднале и решиле да ги украдат. Па така додека В.К. примала лекарства украла три слики, О.К. чувала стража надвор од собата. Следниот ден со сменети улоги, приајтелките одзеле уште една слика, сега О.К. примала инфузија а Л.К. чувала стража. Но на излегување од одделението, медицинска сестра приметила дека под капутот на едната од нив се гледа рамката од слика, по што веднаш ја алармирала полицијата. Таа во домот на В.К. ги пронашла сликите ги одзела и вратила во Болница.
Станува збор за уметнички слики, масло на платно, вредни илјада евра, донација од Норвешката Влада и невладината организација НОРВАК, која пред половина година го финансираше новото Нервно одделение а со него ги подари и овие уметнички слики од македонски автори. СВР Велес за Л.К. и О.К. поднесе по две кривични пријави за кражба на уметнички дела.

Tweet |