Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 октомври 2026
Велешкиот бизнисмен Никола Андреевски, кој работи и живее во САД дестина години, беше гостин на вечерата на америакнскиот претседател Доналд Трамп, која се одржа во петокот навечер на имотот Мар-а-Лаго во Флорида. При вечерата Андреевски имал кратка средба со претседателот на САД.
Никола Андреевски е извршен директор на „МДН Фрејт“, транспортна и логистичка компанија со седиште во Чикаго, која работи на американскиот пазар и развива капацитети за соработка со големи клиенти.
Како извршен директор Андреевски работи на проширување на капацитетите на компанијата, подобрување на оперативната ефикасност и воспоставување долгорочни деловни партнерства.
Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“.
Во јуни годинава, Андреевски се најде меѓу добитниците на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“ во Њујорк, кое им се доделува на млади претприемачи и деловни лидери за постигнатите резултати во нивните индустрии.
Покрај работата во транспортната и логистичката индустрија, тој е и еден од основачите на Американскиот балкански трговски центар, иницијатива чија цел е да ги поврзе американските и балканските компании и да создаде услови за нови инвестиции и деловни партнерства.
Со оваа иницијатива, Андреевски го проширува својот професионален ангажман и надвор од транспортниот сектор, насочувајќи дел од своите активности кон развојот на економската соработка меѓу САД и земјите од Балканот.
| Tweet |




