Петар Печков
Објавено: четврток, 14 октомври 2010
Велешката Болница ќе биде подготвена за новиот предизвик да биде Регионална, уверуваат првите луѓе на оваа здравствена институција. Со набавката на нови апарати, реновирањето кое е во тек и вработувањето на нови десетина доктори, Болницата ќе може да ги дава потребните здравствени услуги на населението од Повардарие, но и да се сопре миграцијата на пациентите кон Скопје, поради незадоволството од лекарската грижа.
И досега велешката Болница даваше услуги за стотина илјади пациенти од поширок регион, Кавадарци, Неготино и Свети Николе, така што имаме искуство во тој дел. Немаме доволно кадри, специјализирани лекари но најавено е дека наскоро ќе биде распишан конкурс за нови доктори а веќе добивме и дел од потребната апаратура, рентген, мауробиолошка апаратура а наскоро го очекуваме и компјутерскиот томограф, со што многумина болни беа препраќани во Скопје, а сега ќе се лекуваат кај нас. Во тек е реновирањето на хирургија, ортопедија, инфективно и интерно одделение. Се обновуваат сите санитарни јазли и кровот од зградата – изјави директорот д-р Ванчо Граматов.
Со ваквата кадровска и техничка опременост раководството смета дека ќе биде вратена довербата и бројните пациенти кои започна да ја заобиколуваат велешката Болница по неколкуте загадочни смртни случаи, при операција на слепо црево, при породување и болните заминуваа во Скопје.
Tweet |