Петар Печков
Објавено: среда, 16 ноември 2022
Велешката Општа болница набавила нови апарати за гастроскопија и колоноскопија. Тоа е инвестиција од сопствени средства, во висина од 50 илјади евра. Ова го објави директорот на денешната прес конференција.
„Кабинетот за гастроскопија и колоноскопија е подготвен, набавена е опрема, најсовремени апарати. Веќе се работи со пациенти за гастроскопија а наскоро и колоноскопија. Тие се купени од средства на болницата. Пациентите нема да имаат потреба да патуваат во други градови, туку ќе може прегледите да ги извршат во Велес“ - кажа д-р Божидар Бојаџиев.
Од Министерството за труд и социјална добиен бил мобилен, рендген апарат. Претходно веќе се објави дека започна со работа компјутерскиот томограф и една година работи дигиталниот рендген апарат донација од амбасада на Јапонија во Скопје.
Tweet |