речник контакт

Велешката полиција вели дека го расчистила случајот со оштетениот штаб на СДСМ во Градско

Стаклото од влезната врата го скршиле деца

Петар Печков

Велешката полиција објави дека го расчистила случајот со оштетениот изборен штаб на СЀДМ во Градско. По извршените дејствија, констатирале дека тоа го сториле деца.  Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 9 октомври во СВР Велес е извршен службен разговор со Д.К.(32 год) и З.М.(39 год), двајцата од Градско, во врска со настанот од  8 октомври за извршено оштетување на влезна врата и прозор на штаб на политичка партија во Градско. Притоа, тие изјавиле дека оштетувањето го сториле нивните две малолетни деца додека си играле во близина на штабот“ – информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.  

За настанот бил известен јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »