речник контакт

Велешката полиција лидер на републичко ниво за откривање на дела од непознати сторители

СВР Велес го одбележа 7 мај денот на безбедноста и според бројките тие усепале да обезбедат стабилен ред и мир во општината.

Петар Печков

Според статистичките податоци во 2012 година на подрачјето на СВР Велес евидентирани се 1260 кривични дела што  споредбено со 2011 година кога имало 1512  е намалување за 17 %. Намалување  има за 8 отсто  и на поднесени кривични пријави 699 споредбено со 2011 година кога имало 755

Од вкупниот криминалитет 1260 најголемиот број на кривични дела евидентиран е во областа на класичниот криминалитет, 1176 или 93,3% , во економскиот криминалитет евидентирани се 39 кривични дела  или 3,4%,,  во организираниот криминалитет има  6 кривични дела што е  1,9%,  а во недозволената трговија има  39 кривични дела или   3,4%.

Од вкупно извршени кривични дела со  непознат  сторител  се 790 а  расветлени се 467 кривични дела, додека 40 кривични дела се расветлени од предходните години, при што на ниво на СВР Велес е остварена откривачка ефикасност од 61%, што е највисок процент во споредба со останатите СВР во Р.Македонија. Останатите 470 кривични дела се со познат сторител.

Во текот на 2012 година криминалистичка техника изврши вкупно 770 увиди што е за 19% помалку во однос на предходната година кога имало 944 увиди. СВР Велес во 2012 година успеа да обезбеди стабилен јавен ред и мир насвоето подрачје.

Во 2012 година во областа на јавниот ред и мир извршени се вкупно 894 прекршоци или зголемување за 12 % споредбено со предходната година кога имаме 797 прекршоци, а кој биле извршени од 1132  лица  или зголемување за 5,8% споредбено со претходната година кога имало 1069 извршители.

Активностите ккои СВР Велес ги превземаше во областа на сообраќајот воглавно беа насочени кон обезбедување на услови и претпоставки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Вкупно случени сообраќајни незгоди во 2012 година се 640 споредбено со 2011 година кога имаме 612сообраќајни незгоди, или зголемување за 4,6%. Сообраќајни незгоди со потешки последици во  2012  се случени  279 сообраќајни незгоди или  споредбено со 2011 година  кога се случиле 268 има зголемување за 4,1%.
 
Поднесени се 4427 барања за поведување на прекршочна постапка  за кој Основниот суд Велес од вкупниот број на доставени барања за поведување на прекршочна постапка доставил вкупно 1843 пресуди.  Во 2011 год  беа поднесени 1956 барања за поведување на прекршочна постапка.

Во текот на 2012 година на подрачјето на Велес настанати се вкупно 72 пожари, а  во 2011 година имало 75 .

Во текот на 2012 година Отсекот за превенција при СВР Велес  работеше на 22 проекти, беа одржани  28 средби со граѓани, 227 трибини, 23 работилници, дадено 70 изјави во медиумите, дистрибуирани 8000 флаери,  Во текот на 2013 година во СВР Велес беа реализирани две крводарителски акции.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »