речник контакт

Велешка Маслодајна реагира откако на листата на добитници на средства од ИПАРД програмата ја снема а добиле фирми кои ги немало на преелиминарните

Маслодајна аплицрала за добивање на две машини, за замена на технолошка линија за производство на маргарин. Првата е опрема за кристализација, втората опрема е за пакување маргарин

Петар Печков

Од велешкиот производител на масло за јадење Кристал 1923 реакција за распределбата на средствата од програмата на ИПАРД, од повикот во 2024 година. Листата беше објавена на крајот од јули годинава. Меѓу фирмите кои конкурирале, велешка Маслодајна ја нема, иако била присутна на двете преелиминарни листи. На втората била на половината,  21-ва од 43-те  компании кои се наоѓале. 

„Не можеме да најдеме причина зошто сме отфрлени. Не имаше и на двете преелиминарни листи, на втората и со повеќе поени бидејќи сме откупувач на сончоглед, кој потоа го преработуваме. На наше големо изненадување, на финалната листа не немаше. Но затоа имаше други фирми кои не беа на претходните. Првично беше објавено дека резултатите ќе бидат објавени до декември 2024 година,  а повикот беше распишан на 12 јули 2024. За овие две години воопшто не добивме никаква информација за текот на постапката, што се случува, зошто се одолговлекуваше“ – вели Олгица Стојанова  директор на производство во Кристал 1923.

Во добиеното решение за одбивање  од 24 јули годинава пишува дека „согласно освоените бодови, не постојат расположливи средства за финансиска поддршка“.  Кристал 1923 аплицирала за 1,5 милиони евра. 

„На конечната ранг листа има 24 компании кои воопшто не фигурираат на преелиминарната листа. Не е познато, врз основа на каква постапка се вклучени во добивањето финансиска помош“ – додаде  Стојанова.
Маслодајна аплицрала за добивање на две машини, за замена на технолошка линија за производство на маргарин. Првата е  опрема  за  кристализација, втората опрема е за пакување маргарин.  Од ИПАРД програмата не соопштуваат која е причината зошто апликанот е одбиен а на листа се фирми кои ги немало на преелиминарните листи. 

„Имајќи ја предвид обврската на Агенцијата за заштита на податоците и информациите содржани во поединечните предмети, не сме во можност на трети лица да доставуваме информации за конкретни апликанти, нивните барања, документацијата, текот на постапката, оценувањето или причините за донесените поединечни одлуки. Информации што се однесуваат на конкретно барање и постапката по него можат да бидат соопштени на самиот барател, односно на негово овластено лице, во согласност со важечките прописи и процедурите на Агенцијата“ – пишува во одговорот. 

Додаваат дека можат да оговорат за  прашања од општ карактер поврзани со спроведувањето на јавниот повик бр. 01/2024.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »