Петар Печков
Објавено: вторник, 20 ноември 2012
Стоковната куќа на Велеспром, некогашна НА-МА се продаде. Ја купија неколкумина велешки бизнисмени кои за оваа цел формираа заедничка фирма. Плановите во неа да се врати животот и донесат странски брендови.
Заеднички ја купивме НА-МА со цел таа да ги отвори повторно вратите и проработи. Ние сме од Велес и зошто некој друг да је земе. Тука живееме, ние со нашите семејства деца и ја гледаме и планираме нашата иднина. Сакамe да допринесеме за Велес. Веќе се најдени проектанти кои работат на екстерното и ентериерното уредување. Секој од нас стапи во контакти со познати странски брендови кои работиме да ги донесеме во овој простор. Со оживувањето нa Cтоковната ќе се врати и некогашниот центар во градот кој сега е изумрен – вели еден од сопствениците.
Просторот беше продаден на јавно наддавање во Тутунска Банка која е сопственик заради подигнат кредит. Стоковната е со површина од 4.077 м2 а вредноста под која не можеше да се продаде на наддавањето кое се случи на 12 ноември годинава беше 41,4 милиони денари. Освен просторот на НА-МА се продаде и дискотеката во подрумските простории, Розе Сала, маркетот на Тедико.
Tweet |