Петар Печков
Објавено: недела, 14 ноември 2010
Kineziologija.mk е прв сајт во Република Македонија кој што ги обработува четирите области на науката за движењата - КИНЕЗИОЛОГИЈАТА. Таа ги опфаќа следните категории:
СПОРТСКА РЕКРЕАЦИЈА - зачувување на здравјето на организмот, социјализација, осмислување на слободното време
СПОРТ - потик за достигнување на максималните моторички постигнувања –
КИНЕЗИТЕРАПИЈА - терапии со телесно вежбање, за подобрување на функционалноста на целиот организам –
ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ - телесно вежбање во задолжителниот образовен систе
Сајтот ќе објавува и обработува теми од : индивидуални спортови (атлетика, боречки спортови, пливање..), колективни спортови (ракомет, одбојка, кошарка, футсал ....) , за кондициската подготовка на спортистите и учениците од основно и средното образование, мислења и ставови за исхраната на спортистите и престојот и логорувањето во природа.
На овој сајт ќе може да се видат сите оние локални спортски настани поврзани со Велес и сите спортски настани кои се поврзани со Сојузот на училишен спорт на Велес.
Овој непрофитен сајт треба да има едукативен карактер, затоа што н ке бидат објавен голем број на практични прикази за реализацијата на наставата по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности и односно дневни подготовки за реализација на часот по физичко и здравствено образование .
Tweet |