речник контакт

Велешка фирма оштетена за 21 илјада евра, парите кои ги уплатила завршиле на друг субјект

Фактурата била пресретната, преправена па парите заминале кон друг субјект

Петар Печков

Велешка фирма оштетана зза 21 илјада евра, откако фактурата била пресретната, преправена па средствата завршиле кон друг субјект.  Деталите од соопштението на велешката полиција.

„На 3 февруари  во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра. Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »