Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 декември 2014
Откако беше уапсен и е во осумдневен притвор, за кримчарење на илегални емигранти, велешкиот оџа Несим Демири имал и други вонредни работи. Тoј за дел од населението бил познат како бајач и надрилекар.
Тој баеше со амајлии, лекуваше жени деца. Се бавеше со такви работи. Доаѓаа кај него дома, тој имаше обред. Дали земаше пари не знаеме, но знаеме дека не само од Велес туку и од Западна Македонија и од Косово идеа ,,пациенти,, - велат соседите. Вакви поплаки стигнувале и до Исламската Верска Заедница, за што Демири имал пишано и писмена изјава.
До нас стигнаа поплаки дека оџата се бави со надрилекарство. Имаме писмена изјава за него за ова. За тоа дека ширел радикален ислам не веруваме, немаме такви сознанија. Тој се врати по барање на дел од верниците и вистина е дека еден дел до нив го бараа - вели Реисот Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ во Македонија, за дел од македонските медиуми.
Што се однесува до кривичното дело ,,кримучарење емигранти,, за кое е притворен и ќе му се суди од ИВЗ оставаат простор дека тој ги превезувал сириските илегалци од хуманитарна причини, но остро го осудуваат таквиот чин на незаконски превоз и тврдат дека Демири нема овластување за такво нешто од нив а ИВЗ е против вакви дела на свештениците.
Tweet |