Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јули 2015
В сабота велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот ќе гостува пред Македонците од Мала Преспа со претставата ,,Спанаќ со пржени компири,, . Гостувањето е во рамките на фестивалот,, Македонско културно лето,, . Велешките актери ќе се претстават пред публиката во местото Леска. Директорот Јордан Витанов досега присуствувал на сите осум изданија на оваа културна манифестација, која е во организација на актерот Едмонд Сотир,кој е родум од овој крај.
И годинава одиме по покана на драгиот колега Сотир. Задоволство е да играме пред тамошната публика, кој искрено и со нетрпение ги чека гостувањата на македонските театри. Тоа е голем настан за Македонците од Мала Преспа. Секогаш сме добри примени така што како театар ќе ја поддржуваме манифестацијата - вели Витанов.
Тие како театар логистички и технички даваат поддршка во одржувањето на Македонско културно лето во Мала Преспа. Сите претстави се играат на отворено, бидејќи сали немало. ,,Спанаќ со пржени компири,, е работена по текст на унгарскиот автор Золтан Егреши а режијата е на Ненад Витанов.
Приказната е за тројца фудбалски судии пред за и по завршувањето на натпреварот. Во претставата играат Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски и гостинот од штипски театар Владимир Тулиев. На Илинден ан 2-ри Август, ќе бидат доделени и наградите за најдобар актер и актерка.
Во конкуренција се четири претстави, освен велешката и ,,Последните Македонци,, на МНТ, ,,Македонска приказна,, на Театарот за деца и младинци и ,,Детектор за лаги,, на Охридскиот театар. Жирито кое ќе ги вреднува одиграните ролји е режисерот Андреј Цветановски, актерите Зоран Љутков, Јордан Витанов, ланскиот награден Жарко Димоски и претставник од општина Пустец.
Tweet |