Петар Печков
Објавено: сабота, 15 февруари 2014
Во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, ангажирани се три нови млади актери. Тоа се Жарко Спасевски, Фаик Мефаилоски и Александар Вељановски ( кој со поглед ја менува цената на скопско).
Тие се веќе и дел од екипата на претставата ,,Кралот Лир,, како и од тековните претстави на редовниот репертоар. Заедно со двете актерки примени минатата година Славица Манаскова и Марија Стефановска, велешкиот театар доби пет млади актери.
Така на сцената се помалку ги има Александар Ѓоргиев, Љубе Терзиев и Кирил Гравчев кои се подготвуваат за пензија.
Tweet |