Петар Печков
Објавено: вторник, 09 октомври 2018
Изминатиот викенд во Струмица се одржаа Адвокатските спортски игри 2018-та. На нив земаа учество повеќе од 150 адвокати од Македонија, што е најголема бројка досега и најмасовно организиран спортски настан на оваа фела.
Учествуваа и 11 адвокати од Велес, кои се натпреваруваа во мал фудбал, кошарка и пинг понг. Најдалеку отидоа во мал фудбал, каде стигнаа до полуфиналето и беа поразени од екипата на Охрид.
За настанот адвокатите истакнаа, дека игрите претставуваат одлична можност да се видат со колегите, да спортуваат, да се дружат, но и да зборуваат за својата професија и дека деновите на спортските игри симболично ја изразуваат сплотеноста на адвокатската заедница, негувањето на солидарноста и почитувањето на фер играта.
Tweet |