Петар Печков
Објавено: вторник, 23 април 2019
Во Катлановска Брезица во организација на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје и Сојуз на извидници на Македонија изминатиот викенд се одржа 46 Меморијал Марко Граорковски“. Учесници беа повеќе од 250 извидниците од Скопје, Велес, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп, Битола и гости од Ниш и Белград, Република Србија. Типот на натпреварите на овој меморијал коло беше – традиционалната ориентација.
Патрола “Чичко Врап“ од велешкиот извиднички одред го освои првото место во категоријата истражувачи -ровери, и беше составена од извидниците: Благој Ѓоргиев, Трајче Темелковски, Стефче Рогужаров и Кире Харалампиев. Оваа патрола за освоеното прво место обезбеди и ваучер за летување на Јадранското море во Буљарица, Црна Гора.
Tweet |