Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 август 2026
Велешките пожарникари деновиве со повеќе интервенции, сите резултат на човечкото невнимание. Горела околината на споменикот кај Пуста кула, кај Раштански колиби, гробиштата кај Превалец и на Св. Пантелејмон, сува трева во близина на селата Клуковец и Бањица и Бузалково и Сливни. Деталите од билтенот на ТППЕ Велес.
На 8 август во 09:40 примена е дојава за запалена сува трева помеѓу селата Клуковец и Бањица. Интервенирано со едно противпожарно возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место настапено е со гасење на пожарот и истиот е изгаснат.
На 8 август во 21:13 примена е дојава за запалена сува трева помеѓу селата Бузалково и Сливник Интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот беше затекнат во развиена фаза благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги и неколку мештени пожарот за брзо време е изгаснат и не е дозволено негово проширување
На 8 август во 23:20 примена е дојава за запалена сува трева кај гробиштата во населба Превалец . Интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги и локалното население не е дозволено пожарот да го зафати трлото и копите со сено.
На 9 август во 07:52 примена е дојава за запален гроб кај црквата св. Пантејлемон. . Интервенирано со едно противпожарно возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е изгасен.
На 9 август во 09:40 примена е дојава за задимување кај споменикот на патот за Раштани.
На 10 август во 10:15 примена е дојава за пожар на автопат Велес - Скопје кај Пуста кула кај пунктот на Македонија Пат. Интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот имаше зафатено некаде околу два хектара трава грмушки. Пожарот е изгаснат и не е дозволено негово проширување.
| Tweet |




