речник контакт

Велешките пожарникари со најнов возен парк во Македонија

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажало дека во TППЕ Велес има 0,8 пожарникари за 1,5 илјади жители, што е блиску до законскиот пропишаниот минимум

Петар Печков

Велешките пожарникари имаат најнов возен парк, покажа истражувањето на  Центарот за граѓански комуникации.  ТППЕ од Велес заедно со Штип имаат возила кои се стари само по 12 години, наспроти просекот во земјава од 27 години.  

Најстаро противпожарно возило во земјава го  има во  Валандово – камион ТАМ од 1966 година, стар 57 години. По ТАМ-от на Валандово следат четири возила, само по една година помлади, произведени во 1967 година и тоа: два мерцедеси на Македонска Каменица и Битола, и по еден ТАМ и ФАП на Крива Паланка и Демир Хисар.

Истражувањето опфатило и со колку пожарникари располагаат ТППЕ. Најмалку пожарникари на 1.500 жители има Скопје, со половина пожарникар на 1.500 жители. Помалку од еден пожарникар на 1.500 жители имаат и Куманово – 0,6, Битола – 0,7, Тетово, Прилеп, Струмица и Велес по 0,8 и Дебар со 0,9 пожарникари на 1.500 жители.

Тоа е блиску до  бројката која ја припишува  Законот за пожарникарство и измените на овој закон што важат од 1 јануари 2020 година. Минималниот број на професионални пожарникари во противпожарните единици треба да изнесува во општините со над 24 000 жители - еден професионален пожарникар на 1.500 жители а во Велес е 0,8.  

ТППЕ Велес дава услуги и за општините Чашка и Градско и опфаќа голема територија, додека за Лозово услугата ја дава ТППЕ Свети Николе. ТППЕ Велес има  33 пожарникари и  11 возила -џипови и  камиони.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »