Петар Печков
Објавено: среда, 13 февруари 2019
Велешките пожарникари ланската година имале помалку работа споредено со претходните. ова го покажуваат бројките на ТППЕ за 2018 година.
Во Велес лани имало вкупно 252 пријави за пожари и други интервенции, што е за 66 помалку отколку во 2017-тата кога имало 318 пожари и други интервенции.
Најголем број од интервенциите на пожарникарите лани, биле во опожарени куќи и при шумски пожари.
Интервенции на терен на ТППЕ од Велес се на територијата на општините Велес, Чашка и Градско а лани после подолго време се вработија 10 нови пожарникари.
Заради превентива ТППЕ, во текот на 2018 година, вршела и едукативни предавања за заштита од пожари помеѓу основците и средношколците од градот.
Tweet |