Петар Печков
Објавено: недела, 28 февруари 2016
Велешката градска соба пред век и половина била убав пример за уредување на внатрешноста на домовите. Имале функционален распоред, розети, аголни декоративни елементи.
Биле поставени миндер( претходник на денешните седмоседи) , мусандра (вградени дрвени плакари без стакло) , мангал ( од метал) и лакањ (од глина) - предмети кои служат за греење во простории каде има задолжително проветрување, касела (варијанта на денешен регал или плакар).
Ако имало миндер тоа е градска гостинска соба, каде се примаат гостите, ако има касела тогаш е градска соба. Фотографиите се од собите кои се дел од етнолошкото одделение при Народен музеј Велес.
Tweet |