Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јуни 2010
Во законскиот рок до 5-ти јуни, велешките советници согласно Законот за лустрација ги поднеле документите до Комисијата за верификација на фактите, со која потврдуваат дека тие не биле соработници на тајните полициски служби.
Ова информација за ТРМР ја потврди претседавачот на Советот Славчо Чадиев.
Доколку ова не го извршија во законскиот рок, на советниците им се закануваше можноста да им биде одземен мандатот, како што тоа ќе им се случи на 108 нивни колеги од останатите општини во Македонија.
Tweet |