Петар Печков
Објавено: четврток, 06 септември 2012
Македонската стрип сцена со свои автори викендов ќе учествуваат на 8. Фестивал за стрип и карикатура „Призрен 2012“ организиран од Асоцијацијата за стрип и карикатура „Џенет Комикс“ од Призрен, Косово.
На фестивалот за стрип и карикатура „Призрен 2011“ ќе учествуваат и автори на стрип и карикатура од Турција, Италија, Албанија и Косово.
Освен присуството на неколкумина веќе поафирмирани стрип автори , на овој фестивал ќе бидат изложени дела од помладата стрип генерација од Македонија. Соработка меѓу двете земји започна во 2009 г .
Стрип центарот цела деценија претставува континуирано место за поттикнување и афирмирање на домашни стрип автори од разни генерации,овозможување на контакти со автори и фестивали од други земји
Најзначајна нивна активност е секако 10-тиот Јубилеен Интернационален стрип салон којшто ќе се одржи од 12 до 15 Октомври во Велес. Организаторот успеа пред македонската стрип сцена да го доведе и реномираниот стрип цртач Мауро Лоренти од издавачката куќе „БОНЕЛИ“ Италија, творец на легендарниот Загор
Tweet |