речник контакт

Велешки Кристал, супер бренд на Македонија

Маслодајна го доби признанието за 2013/14 година заедно со уште 30 други имиња од Македонија

Петар Печков

Во Сити Хол во Скопје во средата вечер, беа доделени признанијата Супербрендс во Македонија 2013/14 година.   Овој чин се случи пред повеќе од 150 гости од светот на бизнисот, маркетингот, медиумите и естрадата,

Меѓу 31 добитник е и велешки Кристал, Фабриката за Масло Благој Ѓорев од Велес, за   нивната палета производи меѓу кои и маслото и зејтинот со кој раснеа генерации.

Признанија добија и: Адора Инженеринг, Акцент Компјутери, лабораторија Авицена, Backstage, DHL, Eлена Лука, Еуро Фарм, Еуроимпекс, Еуролинк, Хот-Хот, Идеа Плус, Коузон, Плива, Ре Медика, Секјуриком, Семос, Скопски Саем, Солета, Витаминка, Теа Модерна, Театар Комедија, Влатко Стефановски, Здравје Радово ,Жито Лукс....

Најдобрите пазарни марки во Македонија повторно се крунисани со глобалната награда Супербрендс, која не е само декорација на производот, туку официјално признание на пазарната марка и шанса на компаниите да освојат нови потрошувачи и да ја задржат лојалноста кај постоечките. Тоа во прв ред е признание за минатиот труд, но претставува голема одговорност за идниот раст и развој изјави Зоран Саздовски, директор на Супербрендс за Адриатик регионот. 

Ова беше трет избор п по ред на македонски супербрендови, кој започна со селекцијата на стручното жири во почетокот на 2013 година. 

Повеќе од илјада домашни и меѓународни брендови, распоредени во 27 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој е издготвен во соработка со водечките маркетиншки и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процесот на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и повеќе од  8.000 потрошувачи. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »