Петар Печков
Објавено: вторник, 07 август 2012
На 1813 големата чума би и многу народ измреха.
1821 февруарија 22 имаше ед’н бејски син, татко му беше у Букурест и у Јаш бег, родом Грк цариградски, којто собра војска сос јулефе и што имаше Турци све ги исекоха. Из утрината чаршијата се сбуни като хвана војска да се писува, и оде две недели. После стана, отиде у Трговиште каде Букурешт и у Јаш. Тамо имаше еден од Адеса (Едеса, Воден) го викаха Пандидека. Тој беше забит и стана сос војската и отиде на Прут река којато е голема колку Вардар и от Јаш до неа 3 сахати, и тамо направи хендек за џенк. После сос Јусуф паша Берковцалијата (Берковица, град во Бугарија) којто имаше 20 хилјади војска се удриха сос Грците, които учиниха гајрет 9 сахати. После Турците като завртеха сос топове, многу свет истепаха, исекоха и плач неисказана беше, а и многу на правина изгинаха.
На 1830 у месеца марта беше кога стана Чкодранецот (од Шкодра) Мустафа паша, за да биде цар, но садрезамо у Прилеп го победи до крај.
На 1831 дојде чума, би и многу народ измреха.
На 1831 дојде холерата баш на 4 октомврија.
На 1833 било много тешко зимо штото и Вардар замрзнал, та врвеле през него.
На 1835 пак дојде чума.
на 1840 би голема слапија, штото оак брашно 2 гроша.на 1842 дошел владиката Теоклит баш на 7 октомврија.
На 1842 пазарот се претвори у вторник от Пр- блажен Зафира Лапев, баш на 7 ноемврија.
1844 март 3 Арнаутите дигнаха глава и голем зулум сториха на христијани, но после мушур Умер-паша ги победи и сос синџири ги изврза.
на 1846 влегов даскал и Прцоречкото училиште.
На 1847 јануар дожд врна 36 часове и дојде Вардар па ја однесе воденицата на селим ефендија и мостот Бабунски.
1847, 22 март на Шаш-пазар стана голема бурја и сите дукани се затвориха и многу дрва от корен искорени и по куките керамидите летаха.
На 1847 бех у Кестендил да учим.
На 1848 дојде владиката Авксентија родом Болгарин и многу добро стори тој; во истата година имаше и колера страшна од која умреха се знаменити човеци.
На 1858 отидох даскал у Прилеп.
На 1856 дојде господин Антим, родом Грк и човек беше колку за себе за другото не сакаше да знае.
1860 дојде мехмед К’бр’зли паша (садразам) у велес откаде Скопје на 10 септембра, на 11 истргна за в Прилеп.Тогај оклеветен би и Јор. х. Константинов.
На 1860 побегна гореречен Антим по нок и одра доста...
На 1860 ноќе го плениха Чокала; ја удавиха жената му, спроти ден Преполовенија...
Од книгата „Записи и летописи“
Надгробен текст на споменик од црквата Св. Спас
Под тој камен мраморен, лежи еден млад, зелен, името му е хаџи Михаил. Вечно се к Богу преселил, отца и мат си оставил и сопруга си оставил, оти камче мраморче, ѕвона ѕвони как ѕвонче, да прочети на тебе да се смилим за себе. А ја си умирам и секого просам, Богу да се моли, за да ме опрости. 1860 л., октомврија 16. Зде лежи син мој х. Михаил х. п. Ќормишев.
(Надгробен натпис кај цреквата Свети Спас во Велес)
Од книгата „Записи и летописи“
Македонски народни песни од записите на Јосиф Чешмеџиев
Сваке – скакараке
Ајде сваке скакараке, дрос,
имаш керка како мечка.
Виде црква ја помина,
виде племја, се прекрсти.
виде квачка па се чуди,
што е ова силен паша,
силен паша дробен аскер.
Виде разбој, па се чуди,
што е ова крца-прца.
Виде зелник па се чуди,
што е ова вртен-дупен,
вртен дупен, среде зелен.
Пеана од Шурков, велешанин.
Јосиф Чешмеџиев (Скопје, 1890-Софија,1964) композитор, диригент и фолклорист, спаѓа во најзначајните собирачи на македонски народни песни. Со она што го запиша и објави, а уште повеќе со она што го остави необјавено тој заслужува многу повидно место во нашата национална култура. Роден е на 21 октомври 1890 година во Скопје во стара револуционерна фамилија. Татко му бил управител на епархија. Бил осуден на смрт во 1903 година. Се школувал во Солун каде што бил ученик на Атанас Бадев. Се школувал и во Бугарската духовна семинарија во Цариград каде што инструменти учел кај Акзенштајн, капелмајстрор на султанскиот духовен оркестар. Тука раководен ученички оркестар и ги напишал првите композиции. Во 1908 година во Скопје раководел голем хор и духовен оркестар составен од калфи и чираци. Во 1909 година се запишал на композиција на Државниот конзерваториум во Лајпциг (Германија). Завршил во 1913 година. Едно време бил помошник капел мајстор во хамбуршкиот драмски театар. Потоа учителствувал во Видин, Јамбол, Софија и др. Бил соработник на Народниот етнографски музеј во Софија, музички редактор на весникот „Македонија“ итн. Напишал многу дела: опери („Тајната на Вардар“, 1918, „Меглена“, 1924) симфониски поеми, оркестарски творби и др. Посебно значаен е како собирач на македонски народни песни
Tweet |