Петар Печков
Објавено: четврток, 13 април 2023
Пред платото на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ се одржа хуманитарен Велигденски базар организиран од Општина Велес.
На тезгите беа изложени ракотворби со мотиви на најголемиот христијански празник и вапсани јајца во различни бои, изработени од децата од основните и средните училишта заедно со наставниците, како и од волонтерите на ОО на Црвен крст Велес.
Собраните средства од продажбата на Велигденскиот базар се наменети за хуманитарни цели.
Tweet |