Петар Печков
Објавено: вторник, 18 април 2023
Велигденски оброк за социјално ранливите категории, беше поделен вечера, понеделник втор ден Велигден. Како и претходните години, тоа го организираше, подготви и подели Гостилница Боем.
Акцијата се реализира во соработка со Здружението Нула гладни во Велес и бројни донатори од градот. За час и половина беа поделени 800 оброци.
Во распределбата учествуваа волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес
Tweet |