речник контакт

Велиновска повторно директор на градинките, адвокатите Богоевски и Трајчевски нови државни правобранители

Именувања и избор на раководни позиции во Велес

Петар Печков

Маја Велиновска е повторно избрана за директор на Детските градинки „Димче Мирчев“ од Велес. Таа  е  дипломиран професор по предучилишно воспитување на Педагошкиот факултет Гоце Делчев при УКИМ и дипломиран професор по одделенска настава при Педагошкиот факултет при УГД од Штип.Велиновска и претходните четири години беше на оваа раководна позиција а пред тоа беше 11 години вработена во градинката.

Владата на седницата од 9 јануари,  именува два државни правобранители на подрачјето на Основен суд  Велес, тоа се дипломираните правници, адвокатите Ристе Богоевски и Дејан Трајчевски. Ова   доаѓа по  предлог на Комисијата за именување. 

Државното правобранителство е државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија. Државен правобранител за Велес е Валерија Николова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »