речник контакт

Велосипедисти возеа оф роуд

Двесте велосипедисти извозеа 35 км во велешко, со селски земјени патишта и мал дел асфат. Највозрсниот учесник имаше 74 а најмладата 11 години. Имаше гости и од Ниш

Петар Печков

Повеќе од 200 учесника возеа на велосипедска оф роуд  рекреативна трка. Од Велес до Сопот и назад, по селски, земјени патишта и мал дел по асфалт.  Највозрасен учесник беше Никола Цецев од Велес  со 74 години најмлада  а Јана од Скопје со 11 години.  Освен од Македонија имаше пет учесника од Ниш Србија. Патеката е во должина од 35 км. Тие меѓу другото го минеа и дрвениот висечки мост кај Рајко.

Целта на возењето е промоција на Питијадата, бидејќи за секој учесник има и една пита. Потоа промоција на Велес и зголемување на интересот за велосипед како начин на живеење. Успешно заврши првиот велешки оф роуд бајкинг. Немаше повредени, немаше  технички проблеми со велосипедите. Нашето дружење по патиштата во велешко траеше скоро пет часови – вели Зоран Јаневски организатор на манифестацијата. По завршеното возење сите учесници ја густираа велешката пастрмалија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »