Петар Печков
Објавено: среда, 19 октомври 2016
Советничка Маријанка Мишева на 53-тата седница постави прашање: До каде е изградбата на велосипедски патеки во Велес?
Одговорот од локалната власт е следен: Со програмата за уредување на градежно земјиште во 2015-та беа предвидени средства за изградба на велосипедски патеки. Согласно овие средства се издаде налог на ЈКП Дервен за изработка и монтажа на табли за велосипедски патеки на територијата на Општина Велес. Лани се поставија табли –ознаки за патека бр.1 Сопот (Питијада) и се изготвија табли за поставување во наредниот период. Со програмата за уредување на градежно земјиште во 2016-та се предвидени средства за изградба на велосипедски аптеки и поставување на табли ознаки за четири аптеки.
Патеката бр.1 е на релација Велес – Сопот- езеро Младост –Башино село – Велес, со должина од 31,7км старт од паркинг пред Топилница цел Градски парк. Висинска разлика на патеката е 461 м. со највисока точка 405 м. н.в. Патката е обележана со 19 метални столбови. Категоризација –оф роуд, поголем дел е неасфалтирана, селска земјен пат, мал дел е асфалтиран. патеката е средно тешка.
Подготвени за поставување се следните патеки:
Патека бр.2 Велес – Агриа –Црквино –Превалец –Велес
Должина 14,5 км, висинска разлика 355 н. Највисока висинска кота 371 м.
Категоризација оф-роуд, средно лесна
Патека бр.3 Костурница, се вози Костурница – по Потокот - Велес должина 10,5 км. средно лесна, оф роуд
Патека бр.3 Рудник се вози на релација езеро Младост – село Рудник, во должина од 17,2 км.
Категоризација оф роуд, тежина - средна највисока кота 495 м. н.в. висинска разлика 304 м.
Патека бр.5 Поток на релација Велес – манастир св. Илија – село Караслари – бавчи покрај Вардар – Црна Џамија должина 19 км. категоризација оф роуд, тежина –средна. Висинска разлика 321 м највисока кота 361 м.
Tweet |