речник контакт

Велосипедски пролетен еко зелен крос

Педесетина основци со возење по градските улици ја разбудуваа свеста кај велешани за користење на велосипедот

Петар Печков

Пролетниот зелен еко крос се обиде да ја разбуди заспаната свест на велешани за користење на велосипедот како превозно и рекреативно средство. Екологистие од ЕД Вила Зора токму затоа го одржаа овој крос, на кој учествуваа скромен број ученици, педесетина.

Целта ни е да да ја подогнеме свеста кај велешани да го практикуваат велосипедот, бидејќи тоа е поздраво, еколошки подобро и економски исплативо, а надлежните да влијаат  да се обезбедат велосипедски патеки  - изјава Ненад Коциќ прертседател на ЕД Вила Зора.

Ова е добра и полезна акција и таа треба да се негува се додека не се постигне поголема масовност. Треба  еколошки да ја пречекаме пролетта и затоа да минеме на велосипед, тоа е и здраво за рекреација - изјави градоначалникот Горан Петров, кој призна дека не користи  велосипед. Тој најави дека со реконструкцијата на Градскиот парк е предвидена велосипедска патека, исто како и на езерото Младост која веќе се работела во должина  од 5 км.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »