речник контакт

Веројатен случај на западно нилска треска во Велес

Има два нови случаи деновиве во Македонија, во села во велешко и во кавадаречко

Петар Печков


Жител на велешко село на 55 годишна возраст се води како веројатен случај на Западно нислска треска. Ова е податок од Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ).

Случајот е регистриран на 10 септември во приватна клиника а лицето сега се води како оздравено. Ова е втор случај на Западно нилска треска во Велес, откако првоот беше регистриран во мај месец.

Во билтенот на ИЈЗ деновиве име уште еден нов случај, тоа на лице од село во кавадаречко.  

Досега во Македонија има осум починати од хоспитализираните потврдени случаи, сите се од машки пол и од Скопје.   

Во 2026 година, а заклучно со 15 септември во Македонија се регистрирани вкупно 65 случаи на Западно-нилска треска.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »