Петар Печков
Објавено: вторник, 19 август 2014
Преображение Господово се празнува секоја година на 19 август, за време на Богородичините пости, пред празникот Успение на пресв. Богородица (Голема Богородица.)
Во врска со овој празник Д. Матов забележал дека во Велес се верувало оти „ноќта спроти Преображење се јавуе на небото Божја врата, се отвора небото, сам Господ се јавуе. Кој шчо је праф човек, може да је види Божја врата и, шчо да посака, му дава Госпот, ама вратата стои малку време отворена. За това мајките им викаат на децата да не спијат и да чекајат да ја видат Божја врата. Им прикажујат и приказната за тој шчо рекол: „Дај ми, Боже еден шиник глава“, место да рече: „Дај ми Боже еден шиник пари“ - и шчо му пораснала главата колку еден шиник та не можел да си ја извре главата од пармакл'ците, дури не ѓи искршиле.
Tweet |