речник контакт

Весна Бобевска доби награда за најдобра женска улога на театарскиот фестивал во Сасари Италија

Таа од жирито е наградена „за моќната, мајсторска и длабоко потресна интерпретација“ на ликот на Велика во монодрамата „Кога земјата молчи“ на велешки театар, чија премиера се очекува наскоро, а е инспирирана од ремек-делото „Пиреј“ на Петре М. Андреевски

Петар Печков

Актерката Весна Бобевска ја доби наградата за најдобра женска ролја на Фестивалот на истражувачки театар „Isola dei Teatri“  кој се одржува на Сардинија, годинава по 31 пат. Таа од жирито е наградена „за моќната, мајсторска и длабоко потресна интерпретација“ на ликот на Велика во монодрамата „Кога земјата молчи“ на велешки театар, чија премиера се очекува наскоро, а е  инспирирана од ремек-делото „Пиреј“ на Петре М. Андреевски.

„Актерката демонстрираше извонредна изразна моќ и ретка способност за преобразба, создавајќи сложен лик растргнат меѓу очајот и пркосот, нежноста и суровоста, мајчинската болка и нескротливата сила на преживувањето. Со целосна посветеност и силен емотивен набој, таа достигнува до прагот на катарзата, без никогаш да ја изгуби внатрешната вистина на ликот.Таа не се ограничува само на толкување на Велика, туку ја претвора во живо сценско присуство, во рана што добива глас, во глас на мајка чие страдање ги надминува личните граници и станува колективна меморија“ – пишува во одлуката на жирито. 

Меѓународниот фестивал на истражувачки театар „Isola dei Teatri“, се одржува во Сасари, Сицилија, од 3 до 19 октомври, опфаќа повеќе од 28 активности, вклучувајќи претстави, драмски, експериментални, детски, посета на  археолошки и природни локалитети и низ историскиот центар на Сасари. Драмскиот дел на фестивалот завршил на 9-ти октомври. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »