Петар Печков
Објавено: четврток, 29 октомври 2026
Одбојкарите на ОК Бoрец ветeрани недела во Тетово ќе ја бранат титулта државен првак. Таму се игра завршницата од годишново пpвенство. Велешани играат до 14ч. против екипта на ОК Скопје. Во првото полуфинале се домаќинот ОК Шкендија и ОК 11 Октомври од Прилеп. Поразените од 15ч. играат за трето место а победниците за државен првак од 16ч. За потсетување првенството во одбојка ветерани се игра од 2024 година и ОК Борец е двоен првак.
„Засеилено се подготвуваме и подготвени сме за новиот предизвик. Домаќинот ОК Шкендија ни нанесе пораз во првенството и тоа е наш предизвик да им вратиме а со тоа да ја одбраниме титулата. Екипата е засилена со Благој Гинов кој допатува сепцијално за оваа пригода од Германија“ – вели Сашко Миланов.
| Tweet |




