Петар Печков
Објавено: вторник, 29 јануари 2013
Од почетокот на годинава Ветеринарната станица Велес има прифатилиште за кучиња скитници. Тоа е изградено со сопствени средства и има капаците од десетина кучиња кои тука можат да се чуват до седум дена.
Во овој период на заловување од градските улици, кучињата можат да се кастрираат,стерилизираат, вакцинираат од беснило и други болести, па потоа да се вратат во природната средина. Истовремено тука можат да се остават и кучиња кои сопствениците повеќе не сакаат да ги чуваат дома. Или пак некои кои сакаа да удомат куче тука можат да дојдат и го земат миленикот.
Tweet |