Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јуни 2022
Вечерва, понеделник 20ч. на сцената на велешки театар ќе биде изведена претставата “Елегија во пет здива”. Тоа е прва годинешна премиера на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Истата е дел од содржините на 59-тите Рацинови средби. Претставата “Елегија во пет здива” е танц театар базиран по мотиви од избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов ,Ацо Шопов и Никола Маџиров.
„Во претставата се прикажани пет слики -пет здива, односно пет перформанси кои имаат за цел да создадат универзално разбирлив сценски јазик, доловен преку мултидисциплинарен пристап на подготовка и изведба преку комбинација на повеќе медиуми на сценско изразување како танц, нарација и физички театар. Актерите -танчарите, во претставата ги користат сопствените тела како субјекти како медиум за отелотворување на дадена емоционална состојба“- вели авторот режисерот и кореограф Филип Петковски.
Во претставата играат Васил Зафирчев, Симона Димковска, НаталијаТеодосиева и АдријанаДанчевска. Костимографијата е на Антонија Гугинска, Јорданоска, Маја Ѓуреска и Гордана Божиновска, дизајн на светло Милчо Александров. Во претставата е користена музика: Даха Браха, Пјотр Илич Чајковски, Лудвиг Ван Бетовен, Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Кристоф Пендереки, Дуке Бојаџиев, Синтезис.
Tweet |