Петар Печков
Објавено: четврток, 08 октомври 2015
Следните три дена, викендов, петок, сабота, недела, Велес ќе живее со мирисот на пастрмалија, вкусот на виното и ќе ечи звукот на музиката. По 12-ти пат градот ќе биде домаќин на љубителите на добрата храна и одлична забава. Дел од улицата Благој Ѓорев, од кај Авона до Гимназијата е местото каде ќе се случуваат настаните од ,,Велешката питијада 2015,,.
Општина Велес питата пастрмајлија како свој бренд ја слави како најголем гастрономски специјалитет. Во нејзина чест и во име на традицијата годинешната питијада е најмасовната манифестација што ја организира локалната власт. Три дена угостителите неуморно ќе работат да ги пречекаат сите гости што ќе го посетат Велес на 9, 10 и 11-ти октомври. Покрај пита и вино ќе ги почестиме и со одлична музичка програма. Природно е кога ќе се спомене Велес да се создаде асоцијација на пастрмајлија и црвено вино. Пастрмалија мириса на дом, има моќ да зближи и да создаде пријатна, топла атмосфера, буди спомени на минатото, традицијата и историјата, се поврзува со наследството - вели градоначалникот Славчо Чадиев.
Велешани се горди на пастрмајлии и не постои велешко семејство без оглед на кој дел од земјината топка се наоѓа, без оглед на возраста, што не знае да подготви пастрмајлија и што не ја јаде со уживање. Тоа е и причината што овој специјалитет се одржува со векови.
Пишаниот документ за питата пастрмајлија како автохтон производ датира од 1869 година и се наоѓа во цариградските архиви. Истите записите укажуваат дека во тоа време во Велес се произведувале по 150.000 оки домашно вино годишно. Затоа и денес питата и виното не одат едно без друго. Организаторите очекуваат многу гости но и посакуваат време без дожд.
Привршуваат подготовките за годинашната 12-та ,,Велешка питијада“, која ќе се одржи од 9 до 11 октомври. Се е подредено на обезбедување на одлични услови за многубројните гости кои викендот ќе дојдат во Велес. Но, и за квалитетна услуга од угостителите кои се домаќини. Годинава во рамките на музичката програма ќе имаме можност да видиме и слушнеме голем број на популарни изведувачи од домашната и балканска естрада. Очекуваме добра забава и стабилни временски услови. - изјави Мартин Мајсторов дел од организацијата на манифестацијата.
Што се однесува до музичката понуда познато е дека првата вечер петок е за фолк изведувачите. Забавата започнува во 18 ч. со групата „Маестро”, велешката музичка група „Виртус”, Зуица Лазова, Благоја Грујовски, Анета и група „Молика”, Тамбурашите oд Суботица „Равница” и Миле Кузмановски.
Сабота во вечерните часови ќе настапи популарниот млад изведувач Боби Мојсовски по што следат Влатко Лозаноски, Елена Ристеска и „Парни Ваљак" Забавата продолжува во Градскиот парк, каде на помошното игралиште настап ќе имаат познатите ДЏ Никифор, Г’не и Бокац.
Недела од 18:00 часот бината е резервирана за Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Александар Тарабунов, Фолтин, Калиопи и ДНК со чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација. Недела попладне од 16 часот пак ќе настапат како изненадување велешките рок легенди,м музичарите од 60-тите и 70-тите години на минатиот век, групите Изотопи, Елиси, Триумфи,Силуети, Лебеди.
Tweet |