Петар Печков
Објавено: петок, 27 март 2020
Патничкиот железнички сообраќај викендов нема да се одвива, освен утринските возови од Велес и Кичево кон Скопје. Ова го соопштија од МЖ АД Транспорт а по воведувањето на продолжениот полициски час кој преку викенд е од 16 до 5 часот наутро.
Се врши и времена измена во возниот ред, со тоа што патничките возови во деновите за викенд -сабота и недела, нема да сообраќаат. Исклучок од ова ќе бидат само возовите, од Кичево и од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје - соопштија од Македонски железници АД Транспорт.
Од Велес кон Скопје и обратно сообраќаат пет возови и еден од Велес за Гевгелија и обратно. Кон и од Кочани се укинати, додека поради одрон на пругата кон Битола, кај железничка станица Стари Град железничкиот сообраќај две седмици е во прекин.
Не се во важност ниту бесплатните патувања за ученици, студенти, млади и возрасни над 64 години.
Tweet |